(ФОТО) По Федерер и Надал, и’ Серена Вилијамс исто така го откажа својот настап на УС Опен

Одлуката ја донела откако и пукнала тетивата
Откако Роџер Федерер и Рафаел Надал го откажаа настапот на овогодинешниот УС Опен, тоа го стори уште една тениска sвезда. Дури ниту најпопуларната тенисерка, Серена Вилијамс, нема да биде во Њујорк.
Серена со години се обидува да го достигне рекордот на Маргарет Корт по бројот на освоени Грен слем турнири, но од 2017. година, таа е на бројот 23, од освојување на најголемите турнири. Еден повеќе освоила тенисерката од Австралија. Вилијамс ќе чека до следната година да ја досстигне Корт, бидејќи и пукнала тетивата.
– Откако внимателно ја разгледав ситуацијата и ги следев советите на моите лекари и медицински тим, решив да се повлечам од УС Опен, со цел да му помогнам на моето тело целосно да се опорави од прекинувањето на тетивата. Њујорк е еден од највозбудливите градови во светот и едно од моите омилени места за игра. Ќе ми недостасува да ги гледам навивачите, но ќе навивам за сите од далеку. Ви благодариме за вашата постојана поддршка и љубов. Се гледаме наскоро, напишала Серена на Инстаграм.


View this post on Instagram

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …