(ФОТО) НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Бебето од насловната страна на албумот на „Нирвана“ 30. години подоцна го тужи бендот:„Искористен сум“

Бебето од насловната страница на познатиот албум на Нирвана „Nevermind“ од 1991 година сега е возрасен човек кој одлучил да го тужи бендот за сексуална експлоатација.
Имено, човек по име Спенсер Елден тврди дека тој е голото бебе фотографирано во базен, па затоа одлучил да извлече пари од преостанатите живи членови на бендот и наследството на Курт Кобејн, 30. години по објавувањето на албумот.

Според тужбата, Елден тврди дека не можел да даде согласност неговата фотографија да се користи за корицата, бидејќи имал само четири месеци, и додава дека и неговите старатели не дале согласност.



TMZ пишува дека Елден во тужбата наведува дека се работи за детска порнографија и тврди дека бендот ветил дека ќе ги покрие половите органи со налепница. Сепак, тој дел никогаш не бил укомпониран на насловната страница на албумот.

Според судските документи, Елден тврди дека Курт, Дејв Грол и другите не успеале да го заштитат од сексуална експлоатација и дека фотографијата од неговото голо тело на насловната страна има последици.
Тој бара најмал надомест од 150.000 долари од секој член на Нирвана, но тие се уште не се огласиле.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како најпровокативниот фустан го носи Емили Рајтаковски, а како поранешната мисица?

Фустанот со отворен грб е хит за топлите летни денови, а воедно изгледа елегантно и …