(ФОТО) „Најтажната жена на светот“ после три месеци ја посетиле сопругот и децата!

МОНЕГАШКАТА принцеза Шарлин, „најтажната жена на светот“, како што ја нарекоа некои медиуми на денот на венчавката, се сретнала со својот сопруг принцот Алберт и нивните деца по речиси три месеци.
Шарлин е во Јужна Африка од јануари, каде што неодамна беше подложена на четиричасовна операција, а семејството последен пат ја виде на почетокот на јуни, кога Алберт и нивните шестгодишни близнаци дојдоа од Монако во Африка.
Шарлин сега објави неколку семејни фотографии на Инстаграм. Не ја крие среќата поради доаѓањето на нејзиното семејство.

„Многу сум воодушевена што моето семејство е повторно со мене. Габриела самата одлучи да се потстрижи. Извини, моја Бела, дадов се од себе да го поправам тоа”, напишала Шарлин во описот на објавените фотографии и се осврнала на фризурата на нејзината ќерка.
„Мило ми е што сте заедно“, „Мило ми е што ве видовме“, „Уживајте“, „Прекрасно семејство, вие сте најубави додека сте заедно“, напишале следбениците во коментарите.
Да потсетиме, странските медиуми претходно пишуваа дека Шарлин и Алберт наводно се разведуваат, откако таа со месеци не беше видена во Монако. Подоцна се јавила и објаснила дека има тешка инфекција на увото, носот и грлото, што ја спречило да лета. Во интервју за јужноафриканското радио 702, Менди Винер раскажала дека не може да се форсира да се опорави и дека ќе мора да остане во Јужна Африка до октомври.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …