Кое место го зазела Македонија? Еве каде е НАЈТЕШКО а каде НАЈДОБРО да се родите како ЖЕНА!

Талибанскиот режим е познат по суровиот однос кон жените и целиот свет е неизвесен за новите мерки што ќе ги наметне врз жените во Авганистан.
Кога станува збор за еднаквоста, ниту една земја на планетата се уште нема се’ што е потребно за да може да се каже дека нема потреба повеќе да се бориме и дека жените можат да бидат безгрижни и целосно еднакви во секоја смисла. Пред две години беа објавени резултатите од истражувањето за тоа каде, на глобално ниво, на жените им е најдобри, а каде најлошо.


Нема совршена земја за жени
Институтот за жени, мир и безбедност на Универзитетот Џорџтаун, во соработка со Институтот за мир во Осло, ги зедоа предвид глобалните разлики меѓу земјите при мерење на учеството на жените во општеството, чувството на сигурност и изложеност на дискриминација, кои се клучни показатели за положбата на жените во некоја средина. Покрај три други поткатегории, овие показатели треба да ни покажат колку жените се оснажени (или не) во некое општество.
Кога станува збор за вклучувањето на жените, земени се предвид претставничките во владата на земјата, користењето мобилни телефони, вработувањето, пристапот до финансии и образование, за чувство на сигурност се анализирани сигурност во комуникациите, организирано насилство и насилство од страна на партнерите, додека третата група вклучувала сексизам, дискриминаторски норми и закони за антидискриминација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …