(ВИДЕО+ФОТО) НАМЕСТО ЛИНИИ – ТОЧКИ: Во Кенија бебе на ЗЕБРА родено со НЕОБИЧНИ шари!

Ова бебе зебра има точки со различна големина.
Пред две години, Антони Тира, туристички водич за сафари, забележал необично животно за време на патувањето до националниот резерват Масаи Мара во Кенија.
Бидејќи бил првиот што ја забележал, го нарекол ова посебно бебе зебра, кое тогаш било старо само една недела, по неговото презиме – Тира.

Оваа зебра е родена со необична боја на влакна во темно кафеава нијанса, додека наместо бели ленти има точки со различна големина – од помали тркалезни, до поголеми, со неправилна форма.

„Покрај необичните шари, зебрата имала и многу пократка опашка во споредба со другите припадници на нејзиниот вид“

Според експертите, овој тип на влакна е знак за генетско нарушување наречено псевдомеланизам.
За разлика од албинизмот, кај кој кожата нема пигмент, меланизмот е предизвикан од црна пигментација на кожата.

Фото: Принтскрин/YouTube/Caters Clips

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …