(ВИДЕО+ФОТО) ПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊАТА НА ЗВЕРЕВ – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас осуден за „коачинг“: Камерите го снимиле таткото како пишува порака!

Поранешниот американски тенисер Енди Родик го изрази својот став по прашањето за Стефанос Циципас и неговите чести посети на тоалетот за време на натпреварите.
Токму затоа Саша Зверев поднесе жалба, за време на дуелот во Синсинати, кажувајќи му на судијата дека Гркот всушност ги користи тие паузи за да разговара со својот татко по телефон.


Родик ја согледал ситуацијата.
„Ајде прво да ги погледнеме фактите пред да имаме мислење. Тој често ги прекршуваше правилата за коачинг со својот татко во минатото. Тоа е факт. Тој беше многу надвор од терените оваа недела и го направи тоа неколку пати од минатата недела во Канада. Кога Зверев го обвини Циципас со зборовите ‘Тој му испраќа пораки, му испраќа пораки’, камерата отишла кај таткото на Циципас и тој навистина пишувал пораки“, рекол Родик.
Американецот верува дека се покажува дека Циципас е виновен“.

„Веројатно најголемиот показател е дека кога се врати на теренот, целосно ја смени тактиката. Немаше ниту еден волеј сервис во првиот сет, а потоа одеднаш почна да користи сервис волеј три или четири пати по ред Доказите не му помагаат на Циципас“, додал тој.
Да потсетиме, Зверев славеше по тај-брејкот на решавачкиот сет и го закажа финалниот меч против Андреј Рубvов, во недела во 22.30 часот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред …