Каранфилчето е исклучително здрав зачин.
Во текот на зимата, често се користи кога станува збор за подготовка на варено вино. Каранфилчето му дава на овој пијалок посебен, ароматичен и сладок вкус.
Сепак, каранфилчето е зачин кој е многу здрав и не треба да се користи само за подобрување на аромата.
Ако имате проблеми со висок холестерол, овој зачин може да ви помогне. Доволно е да направите вода со каранфилче, што ќе ја консумирате малку во текот на денот.
Каранфилчето помага и при губење на тежината, како и забоболка, лош здив и многу други заболувања.
Водата со каранфилче се прави многу едноставно. Од состојката ќе ви бидат потребни 5. грама од овој зачин кој ќе го ставите во 2. литри зовриена и добро разладена вода.
Потоа ставете го во фрижидер три дена, за време на кое треба повремено треба да го протресувате, со цел зачинот да се раствори што е можно подобро.
По три дена, лекот е подготвен за употреба. Земајте половина чаша дневно, но не одеднаш, туку неколку пати во текот на денот, а во меѓувреме, подгответе уште една доза за да бидете подготвени кога ќе завршите со ова.
После тоа, задолжително е да се направи пауза од еден месец.