(ФОТО) И’ официјален крај: Северина и Игор Којиќ се развеле

Пејачката Северина и фудбалскиот менаџер Игор Којиќ дефинитивно ставија крај на бракот, а вчера ги потпишаа и документите за развод.
Според медиумите, консензуалниот развод е официјализиран во судот во Загреб. На 12 август, поранешната двојка поднела барање за развод.

Наводно, ја чекале пресудата во врска со старателството над малолетниот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.


Да потсетиме, двојката се венча во црква кон крајот на септември 2015. година во Истра, по што следеше гламурозна граѓанска венчавка во Белград.

Иако важеа за хармоничен пар, јавноста шпекулираше дека тие влегле во брачна заедница заради лични интереси. Во секој случај, познато е дека веќе со месеци Северина и Игор дури и не живеат под ист покрив, туку водат одвоени животи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Психијатар ми објасни зошто НЕМАМ ПАРТНЕР веќе 3 ГОДИНИ“: Наташа Беквалац отворено за ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ!

Пејачката не крие дека посетува психијатар, бидејќи смета дека менталното здравје е многу важно. Пејачката …