(Рецепт) СИТЕ ФЛЕКИ ОД ДУШЕКОТ ги отстранила за помалку од 100. денари – НЕВЕРОЈАТНО!

Дали на вашиот душек се појавија дамки и непријатен мирис?
Се разбира, такви работи се случуваат, особено ако имате мали деца во куќата.
Важно е душекот на кој спиеме да биде чист, бидејќи трошиме 7-8 часа на него секоја вечер. За време на спиењето, се потиме и ги вдишуваме сите мириси и честички прашина од него.
Наједноставниот и најекономичен начин за чистење на душекот е со помош на сода бикарбона.
Состојки:
– 250 мл 3% хидроген (се продава во сите аптеки)
– 3 лажички сода бикарбона
– капка течен сапун, или детергент за миење садови

„Смесата мора да се направи непосредно пред процесот на чистење, за да биде максимално ефикасна“

Промешајте ги хидрогенот и сода бикарбоната. Кога содата ќе се раствори, додадете капка или две течен сапун, или детергент за миење садови.
Промешајте. Истурете ја течноста во празен распрскувач. Протресете го шишето и испрскајте го извалканиот дел од душекот.
Оставете ја активната пена да дејствува. Почекајте да се исуши или вклучете го фенот за коса и насочете го протокот на воздух кон дамката за да се исуши побрзо. Потоа само четкајте со сува четка или користете правосмукалка за да ги соберете остатоците од содата.
Со ова средство можете да го исчистите и освежите целиот душек.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …