(ВИДЕО) Бебе горила: Поради ретка состојба дете прима лек од кој му растат густи влакна

Двојка од Тексас на својот четиримесечен син од љубов му вели „горила“ поради бизарниот несакан ефект на лекот што целото тело му го покрил со црни влакна.
„Тој не беше влакнест кога се роди, но по неколку недели, додека ги земаше лековите, се претвори во мала горила“, рекла Бри Шелби, мајка на момчето по име Матео, на кое му била дијагностицирана ретка и по живот -заканувачка состојба наречена конгенитален хиперинсулинизам.
Оваа болест се забележува кај едно од  50.000 родени бебиња и се јавува кога панкреасот произведува прекумерно високо ниво на инсулин и кај заболеното лице предизвикува опасно ниско ниво на шеќер во крвта.
„Го донесовме дома по раѓањето и почнав да забележувам дека се тресе и се прејадува, па го однесов на лекар. Имаше опасно низок шеќер во крвта, 30, а здравиот опсег е помеѓу 70 и 100, така што тој беше изложен на ризик од напади па дури и смрт“, опишала Шелби.

@blshelby#fyp #foryoupage #baby #hairy♬ original sound – Bri Shelby


Матео бил примен на одделот за интензивна нега во детската болница во Тексас, каде што почнал да прима лекови за стабилизирање на нивото на инсулин и шеќер во крвта.
„Почна со мала доза, но тоа не помогна, па лекарите на крајот одлучија да му ја дадат највисоката доза“, вели Шелби.
За среќа, овој режим се покажал ефикасен во контролирањето на состојбата на Матео. Меѓутоа, иако неговото здравје значително се подобри, темните влакна почнале да никнува по телото, како да се претвора во врколак.

@blshelby#fyp #foryoupage #baby #hairy♬ The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] – Hoàng Read


„Се започна со главата и челото, потоа на нозете, рацете и грбот, и конечно насекаде, освен на стомакот. Лекарите ме предупредија за овој несакан ефект, но не очекував дека ќе биде толку екстремен”, додала мајката.
Лекарите очекуваат Матео да ги загуби влакната кога ќе стане подобро и ќе престане да ги зема лековите, но не се сигурни колку долго ќе биде под влијание на овој несакан ефект.
„Решивме да му го избричиме лицето, но косата повторно расте. Го капеме секој ден и се грижиме да го исушиме добро. Го четкаме и за да влакната бидат уредни”, опишува мајката на малото бебе.

@blshelby#fyp #baby #foryoupage #hairy♬ original sound – Bri Shelby

Кога излегуваат во јавност, Матео ги привлекува погледите на љубопитните.
„Сите велат дека е симпатичен, но има ужасно многу влакна. Тогаш треба да објаснуваме зошто е тоа така”.
Шелби зборувала за состојбата на нејзиниот син на TikTok, каде наидшлана негативни коментари. Таа вели дека некои ја советувале да го депилира своето бебе.

@blshelbyIt’s okay to be different! 🥰 #fyp #foryoupage #baby #hairy♬ The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] – Hoàng Read

„Лекот му го спаси животот и повеќе би сакала да е влакнест и здрав отколку болен“, заклучила Шелби.

Фото: Принтскрин/ TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Инклузивна анимација” како алатка за инклузија на деца со попреченост

Од 7-ми до 20-ти октомври  со поддршка на Делегација на ЕУ во Скопје и во …