(ФОТО) Странецот станал херој – ИЗЛЕГЛА НА СОСТАНОК И УЖИВАЛА: Потоа еден маж  од соседната маса КРИШУМ и дал хартивче со порака која ЈА СПАСИЛА!

„Го нарекуваат херој, романтичар, вистински маж. Го фалат неговото брзо размислување и грижа за жена во неволја. Коментирале дека повеќето би се правеле дека тоа не ги засега, но не и овој човек…

Нејзиното име е Хаида, а своето искуство го споделила на Твитер. Таа вели дека непознатиот и пришол додека мажот со кој се сретнала бил во тоалетот и набрзина и го турнал парчето хартија во раката. Пораката гласела: „Премногу црвени знамиња. Бегај. Биди безбедна, девојко”.
– Излегов на кафе со еден дечко. Кога отиде во тоалет, човекот што седеше зад мене ми ја даде оваа порака – напишала таа и покажала како изгледа пораката.

Нејзиниот пост се прошири како пожар на интернет и многумина разнежнил. Го нарекуваат херој, романтичар, вистински маж …
– Не можам да не се запрашам колку црвени знамиња морало да има кога биле забележани од сосема непозната личност и напишала предупредувачка порака. Одлично – коментирал некој, а Хаида одговорила: „Да, се гледаа како моите црвени нокти“, пренесува Mirror.
„Не сакам да звучам драматично, но овој совет буквално може да ти го спаси животот”, “Еднаш бев на состанок и келнерот секогаш беше љубезен кон мене, и некако груб кон човекот што го запознав. Мислев дека тогаш е тоа можеби црвено знаме, знак за предупредување. Излезе дека келнерот бил во право”,”Не сите девојки се добри во препознавањето на знаците за предупредување. Понекогаш третото лице подобро ја гледа целата ситуација … се само некои од коментарите.

Извор: Mirror

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за понеделник, 18.10.2021: Не е дозволено се што посакувате во љубовна врска, секогаш избирајте го најдоброто решение…

Овен Љубов: Важно е да делувате волшебно на вашиот партнер. Во согласност со емоционалната инспирација, …