(ФОТО) Одбил да носи маска на јавно место и добил шест недели затвор

Судот во Сингапур во средата осудил Британец на шест недели затвор, откако тој постојано ги прекршувал епидемиолошките мерки со тоа што одбивал да носи маска во јавност, пренесува Си-Ен-Ен.
Бенџамин Глин (40) беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението за неносење маска во воз во мај или за појавување на суд во јули. Тој исто така беше осуден за предизвикување нарушувања во јавноста и за употреба на заканувачки зборови упатени до јавните службеници, пренесува Си-ен-ен.
Судијата веќе му наредил на Глин да се подложи на психијатриска проценка поради неговото однесување и приговори на судот.
Глин, кој сам се застапувал, побарал од судот во средата да ги отфрли „незаконските обвинувања“ и побарал да му се врати пасошот за да може да се врати во Британија. Судијата одговорил дека обвинетиот е „целосно во заблуда“, сметајќи дека е изземен од сингапурскиот закон за носење маски.


Ројтерс објави дека Глин вчера не одговорил на нивните повици и пораки. Меѓутоа, затворскиот оддел во Сингапур ги известил дека Британецот бил пуштен од затвор и дека ќе биде депортиран.
Сингапур, азискиот деловен центар, е познат по тоа што спроведува строги правила. Тој ја држел под контрола пандемијата на коронарниот вирус токму поради строгата примена на законот со цел да се заштити населението во овој град-држава. Сингапур, кој е трет во светот по бројот на вакцинирани со 73,1 проценти, ги осудил другите луѓе за кршење на прописите поврзани со „Ковид-19“.

На некои странци им беа одземени работните дозволи поради кршење на правилата. Во февруари, судот осуди друг Британец на две недели затвор, откако тајно излегол од неговата хотелска соба додека бил во карантин, за да се сретне со неговата тогашна свршеница.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 21.10.2021: Искрените емоции секогаш имаат лековито дејство, задржете го вниманието на саканата личност…

Овен Љубов: Треба подобро да ги усогласите мислите и чувствата, со цел да го зачувате …