(ФОТО) НИКОЈ НЕ Е НАД ЗАКОНОТ – Започнало судењето на Р. Кели, сведочела првата „наводна жртва“: „Знаеше дека сум малолетна!“

Започнало судењето на американскиот пејач Р. Кели.
Тој е обвинет за сексуален напад, рекет и поткуп, и постојано ги отфрлал обвинувањата. Со децении се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотреба на жени, вклучително и многу тинејџерки. Доколку биде осуден по сите точки, Р. Кели може да биде осуден на неколку децении затвор, пишуваат странските медиуми.
Јерхонда Џонсон Пејс (28) била првиот сведок на судењето. На поротата и рекла дека пејачот знаел дека е малолетна кога имале секс. Таа додала дека првично му рекла дека има 19. години, но на денот кога првпат имале секс му открила дека е малолетна.
„Се засрамив, почувствував дека не е во ред и морам да ја кажам својата возраст. Тој ме праша што треба тоа да значи и ми рече да им кажам на сите дека имам 19. години”, рекла Јерхонда.

Адвокатката на Кели, Никол Бленк Бекер, тврди дека неговите наводни жртви се согласиле да имаат секс, бидејќи тие биле негови обожаватели. Таа го прикажа својот клиент како жртва, велејќи дека некои жени уживаат кога можат да им кажат на своите пријатели дека се во врска со суперsвезда.
Обвинителите, пак, го опишале Кели како „предатор, човек кој користел слава, лаги, манипулации, закани и физичко малтретирање за да доминира со своите жртви и да избегнува одговорност со години“.


Судењето, кое беше одложено неколку пати поради пандемијата, се очекува да трае околу еден месец. Тоа ќе вклучи сведочење на неколку жени и најмалку еден маж.
Да потсетиме, вистинското име на ѕвездата на Р & Б, е Роберт Силвестер Кели и во затвор скоро две години го чекал судењето.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОТРЕСНО! ЈА ВРЗАЛА КОСАТА И ОТИШЛА ДА СЕ БОРИ А ПОТОА Е УБИЕНА: Имала само 20. години и штотуку станала новиот симбол на револуцијата!

Сите се прашуваат која е девојката која беше убиена во Иран на протести, која преку …