Студија: Третата доза на Фајзер е ефикасна 86 проценти

Фајзер соопштил дека третата доза во новата студија ја примиле луѓе кои биле вакцинирани со две дози во периодот од јануари до февруари.
Студија направена во Израел покажува дека третата доза на вакцина Фајзер против ковид -19 е ефикасна 86 проценти кај луѓе постари од 60 години, објави здравствената организација Макаби.
Резултатот од ефикасноста на третата доза од производството на вакцината Бајонтек покажала ефикасност во споредба со резултатите на луѓето кои примиле две дози.


Здравствените услуги на Макаби (ХМО), која опфаќа една четвртина од 9,3 милиони луѓе во земјата, ги споредила резултатите од 149.144 лица постари од 60 години кои ја добиле третата доза пред најмалку една недела со оние кои примале само две дози во периодот од јануари до февруари од кои има 675.630.
Да потсетиме, од Фајзер тврдат дека нивната трета доза на вакцина, како дополнителен засилувач на имунитетот, е поефикасна против многу заразната делта варијанта на коронавирус, покажале првите податоци од тековната студија, кои биле доставени до американската ФДА.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …