(ФОТО) Третиот тенисер на светот: „Не сакам да се вакцинирам!“

СТЕФАНОС ЦИЦИПАС, третиот тенисер во светот, рекол дека ќе ја прими вакцината против коронавирус само доколку тоа е услов за учество на турнири.
„Никој не ми кажа ништо, никој не донесе одлука дека вакцинацијата е задолжителна. Се чини дека во одреден момент ќе треба да го направам тоа, но засега вакцинацијата не е услов за мене да играм тенис”, рекол грчкиот тенисер.

 

loading...

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefanos Tsitsipas (@stefanostsitsipas98)


Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во април изјави дека се надева дека вакцинацијата нема да биде задолжителна. После тоа, тој се најде на удар на дел од јавноста и повеќе не се огласи за тоа. Роџер Федерер, еден од најголемите на сите времиња, ја прими вакцината во мај, а вакцинацијата е поддржана иод Рафаел Надал, шпански тенисер, кој рече дека масовната вакцинација е единствениот начин да се врати светот во нормала.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КИРГИОС СО 3. РЕЧЕНИЦИ ГО ИСПРАТИЛ ФЕДЕРЕР И МУ ГО ПРОГНОЗИРАЛ НАЈЛОШОТО:„ Рафа е готов, но Новак ќе знае дека има шанса!“

Ник Киргиос не може без внимание, а оваа објава навистина предизвика многу коментари! Го гледавме …