Ова е супер здрава храна која би требало да ја јадеме секој ден

Овошје, зеленчук, посни протеини, јаткасти плодови и семиња се повеќе од вкусна храна. За нормално функционирање на телото, му треба необработена, цела храна полна со хранливи материи и влакна.
Затоа експертите наведоа неколку супер здрави намирници што треба да ги консумираме почесто и во поголеми количини. Ако не ги јадете, обидете се да вклучите по една нова во вашите оброци секоја недела и полека збогатете го вашето мени.


Бобинки
Редовното јадење бобинки е поврзано со губење на тежината, подобра функција на мозокот и намален крвен притисок. Истражувањата покажаа дека јадењето само една чаша боровинки дневно може да го подигне нивото на добар ЛДЛ холестерол во нашата крв. Јагодите се богати со витамин Ц и го намалуваат ризикот од хронични состојби, вклучувајќи срцеви заболувања и рак.

Јајца
Јајцата се совршен и достапен извор на висококвалитетни протеини. Тие се богати со витамини и минерали. Неодамнешните истражувања заклучија дека јадењето јајца во умерени количини не го зголемува холестеролот.


Авокадо
Чаша исечено авокадо има 240 калории, 10 грама влакна и 21 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Е.

Банана
Бананите се богати со калиум и растителни влакна, не прават сити и ни помагаат да изгубиме тежина.

Зелен лиснат зеленчук
Нискокалорични, богати со растителни влакна и многу хранливи материи, како витамин Ц? Сето тоа се наоѓа во зелен лиснат зеленчук. Кељ, спанаќ и зелена салата се одличен избор за секој што сака да го контролира гладот ​​и да ослаби.

Маслинки
Маслинките се одличен извор на масни киселини, вклучувајќи ги и добро познатите олеински киселини, кои исто така се наоѓаат во големи количини во маслиновото масло.
Внесот на олеинска киселина е поврзан со многу здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на воспалението и помал ризик од развој на срцеви заболувања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …