(ВИДЕО) Проговорила девојката од Авганистан од виралното видео: „Жените ги носат на силување!“

ПРЕД Талибанците да го освојат Кабул, на Твитер се појави видео снимка од девојка која плаче за нејзината неизвесна иднина.
„Не сме важни затоа што сме родени во Авганистан. Никој не се грижи за нас. Ќ умреме полека во историјата. Зарем тоа не е смешно?” рекла низ солзи 23-годишна девојка пред неколку дена.


Новинарот и политички активист Масих Алинеџад направила интервју со девојката, која стана симбол на руинираната иднина под власта на Талибанците.

„Ако Талибанците видат жена како мене, веднаш насилно би ме омажиле“
„Имам 23 години. Ако Талибанците видат жена како мене, веднаш насилно ќе ме омажат со еден од нивните борци. Тоа би било силување под превезот на бракот. Тоа е нивната верзија на Куранот. Тие сметаат дека ние жените смевоен плен“, рекла таа.
„Од каде сум? Од Авганистан. Каде сум родена? Во Иран. Каде живеам сега? Не сакам да го кажам тоа. Тие мислат дека луѓето како мене, од Авганистан, немаат идентитет. Мојата среќа, моја тага, мои грижи – не се сите тие во суштина затоа што сум од Авганистан. Кога зборувам за оваа ситуација, тие ме обвинуваат дека го критикувам исламот. Не ми е грижа. Ќе продолжам да го правам она што го правам, бидејќи со тоа укажете на проблемите на сите жени“, додала таа.
На новинарско прашање дали е исплашена, 23-годишната девојка рекла дека првично се плашела да даде интервју.

„Но, сега најмногу се грижам за моите пријатели кои останаа во Кабул. Има жени кои ги носат на силување и никој не го покажува тоа. Нема кој да им помогне. Можете да ги видите моите солзи затоа што сум безбедена. Релативно кажано, безбедна. Никој од нас, кој е од Авганистан, не е целосно ослободен од исламските власти. Така, да, се грижам за моите пријатели кои не можат да го напуштат Кабул. Ги прашав зошто не заминаа порано и тие одговорија дека се надеваат дека нема да заврши тоа. Тие студираа во Иран, но подоцна се вратија во Авганистан“, речкла таа низ солзи.

„Не паѓајте на Талибанците“
Новинарката потоа прашала што може да им каже на Талибанците кога ќе има можност да разговара со нив.
„Не можам да разговарам со такви луѓе без глава. Талибанците го прават истото како и Исламската држава. Ќе ја осмислат својата верзија на Јавад Зариф за да го шармираат светот. Запознаена сум со ситуацијата бидејќи моето семејство и пријателите постојано ми кажуваат што се случува, на жените повеќе не им е дозволено да излегуваат Би им рекла на сите жени во светот да размислуваат за иднината, да не го тргнат погледот од овој масакр. Не сакам вакви работи да се случуваат четириесет години во иднината. Не паѓајте на Талибанците. Луѓе како Масих Алинеџад денес убиваат во Авганистан”, рекла таа.
„Има многу жени како Мишел Обама во мојата земја. Многу од нив се силни како Ангела Меркел. Но, сега ќе мора да се поклонат пред шеријатот”, додала таа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …