ЌЕ БИДЕ ИНТЕРЕСНО – ПОРАДИ ВРАЌАЊЕТО ДОМА ПРИНЦОТ ХАРИ ЌЕ ЗАРАБОТИ 100.000.000 ФУНТИ: Војводата планира да се сретне со КРАЛИЦАТА, а со себе носи и камери!

Принцот Хари (36) треба да се врати во Велика Британија и да се сретне со кралицата Елизабета, но со филмска екипа и камери.

Војводата од Сасекс планира да се врати во Обединетото Кралство за викенд пред крајот на годината, а сето тоа поради профитабилниот договор со Нетфликс од 100.000.000 фунти, пишува британски The Mirror.
Имено, Хари (36) треба да се посвети на организацијата на Игрите Invictus посветени на воените ветерани, што ќе се одржат во Холандија. Во неговиот распоред се наведува и дека ќе ја посети баба му по свечениот говор во центарот за рехабилитација, кој ќе биде снимен, но никој не дава информации дали ќе се види и со својот брат Вилијам.
Според „The Mirror“, Хари ќе ги остави својата сопруга Меган Маркл (40) и децата Арчи (2) и бебето Лилибет во Америка, во неговата вила од 11.000.000 фунти во Монтесито и ќе лета со мала филмска екипа во Велика Британија, поточно Стенфорд Хол.

Тимот од продукцијата Арчвел ќе снима, во рамките на мултимилионскиот договор склучен минатата година помеѓу Нетфликс и продукцијата Арчвел од Сасекс, производство на документарен филм за игрите Инвиктус.
Ќе го режира британскиот автор на документарци, тимот што го освои Оскарот за филмот „Бели шлемови“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …