(ФОТО) Починал славниот Герд Милер

Легендарниот фудбалер на Баерн, Герд Милер починал на 75-годишна возраст.

Веста ја потврди Баерн Минхен, клубот во кој се прослави и постигна 566 гола на 607 натпревари, вклучително и рекорд во германската Бундеслига (365).

„Денес е тажен ден, црн ден за Баерн и за сите фанови. Герд Милер беше најдобриот напаѓач што било кога играл, личност во светскиот фудбал. Без него, Баерн не би бил ваков клуб. Неговото име и сеќавањето на него ќе остане засекогаш“, реколпретседателот на Баерн, Хуберт Хајнер.
„Бомбардер“, како што гласеше неговиот прекар, немаше помалку успех во германската репрезентација, за која постигна 68 гола на 62 натпревари.


Со „Елф“ беше светски шампион (1974) и на Европа (1972), и трипати европски првак со Баерн, со четири трофеи во Бундеслигата.
Ќе се памети и неговиот победнички гол за Германија во финалето на Светското првенство против Холандија во Минхен (2:1).
По играчката кариера, тој работеше како тренер на помладите селекции во баварскиот гигант.

Фото: Принтскрин/Twitter/fcbayern.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …