ПИПЕРКИ – заборавено летно злато на чинијата! Еве поради што се сметаат за една од најздравите намирници

Пиперките всушност имаат многу повеќе придобивки за телото отколку што мислиме на прв поглед …
Пиперките се исто така меѓу најздравите зеленчуци во светот, а нивниот единствен недостаток е што нивната сезона е прилично кратка а се прилично скапи во зима. Затоа искористете ги колку што е можно додека уште ги има ..

Пет здравствени придобивки од пиперките
Подобри когнитивни функции
Пиперките се полни со витамин Ц, дури имаат и повеќе од портокалите. Покрај тоа што го зајакнува имунолошкиот систем и помага да се регулира крвниот притисок, ги подобрува и когнитивните функции на мозокот како што старееме.


View this post on Instagram


A post shared by mirinabek (@mirinabek)

Го зајакнуваат имунитетот
Покрај витамин Ц, пиперките се богати со витамин А, кој исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Имено, витаминот А е потребен за изградба на клетките кои се борат со заразни болести.

Помагаат при топење на маснотиите
Пиперките, особено црвените, содржат капсантин. Ова се состојките кои даваат црвена боја на храната, а најновите истражувања покажуваат дека ги намалува воспалителните процеси во телото и помага при слабеење.

Можам да го намалат притисокот
Пиперките исто така содржат кверцетин, пигмент од групата флавоноиди кој делува како моќен антиоксиданс. Тоа е поврзано со многу здравствени придобивки, вклучително и намалување на воспалителните процеси, како и намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на крвниот притисок.

Можат да ви го подобрат расположението
Друга неочекувана корист од пиперките е тоа што можат да ви го подобрат расположението. Тие се богати со витамин Б6, кој е поврзан со подобрување на расположението и намалување на ризикот од депресија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …