Дали симптомите на делта сојот се поинакви од останатите видови

Според епидемиолозите, делта сојот на вирусот корона, покрај тоа што е повеќе заразен, има различни симптоми од претходните соеви.
Поголемиот дел од хоспитализираните за „Ковид-19“ во Соединетите држави се лица кои не се вакцинирани. Тие исто така имаат поголем ризик да развијат потешки симптоми како што се тешкотии при дишењето и постојана болка или притисок во градите.

Делта сојот е повеќе заразен од претходните соеви, поточно, заразен е како сипаници. Покрај тоа, брзо се реплицира во телото и кај заразените луѓе, големи количини на вирусот се наоѓаат во носот и грлото.
Д-р Ендрју Т. Чан, епидемиолог и лекар во болница во Масачусетс, е еден од истражувачите во студијата што се занимава со симптомите на Ковид-19. За време на истражувањето, тој следел милиони заразени луѓе во САД, Велика Британија и Шведска, кои преку самата апликација ги внесувале симптомите што ги чувствуваат по инфекцијата.


Резултатите, кои се уште не ја минале рецензијата, покажуваат дека вакцинираните луѓе се добро заштитени од делта сојот и дека развиваат многу благи симптоми и побрзо го надминуваат коронавирусот.
Д -р Чен посочил дека симптомите по инфекцијата со вирусот делта се различни од досега пријавените.
„Меѓу вакцинираните возрасни, сега гледаме симптоми кои се повеќе слични на обичната настинка. Луѓето се уште пријавуваат кашлање, но се повеќе се јавува течење на носот и кивање.
„Тие сеуште се жалат на главоболки и болки во грлото, а се помалку на зголемена температура и губење на мирис и вкус“, рекол д -р Чен за New York Times.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …