(ВИДЕО) Шпанските медиуми ја откриле вистината: Надал страда од болест која е кобна за неговата кариера

Нови проблеми
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се откажа од турнирот во Синсинати, но и во Торонто. Надал е неизвесен и за УС Опен, а шпанските медиуми пишуваат за мистериозната болест со која се бори Рафа.

Локалните медиуми, пред Шпанецот да се пожали на болки во стапалото, изјавиле дека Надал има проблеми со мистериозната болест. Поточно, таа болка во колената е последица на малку позната болест. Добро информираниот портал „Punot de break“ објавил дека уште во 2005. година, Надал забележал проблеми со болки во нозете и дека со прегледите е утврдено дека боледува од болеста „Милер-Вајс“, која ги напаѓа коските на стапалата, што предизвика голема болка при движење.


View this post on Instagram


A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)


Не е познато во која фаза е оваа болест во моментов кај Надал и каква терапија би можела да му помогне на Шпанецот, кој најави дека ќе се врати на терените кога нема да чувствува никаква болка. Болеста му е дијагностицирана дури кога напредувала, па дури и тогаш било нагласено дека мора да се посвети посебно внимание бидејќи влошувањето на ситуацијата може да доведе до скршеници на коските. Тоа може да го чини кариера… но и проблеми во секојдневниот живот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …