(ВИДЕО+ФОТО) Старински посен колач: ЕФТИН за правење а вкусот ќе ве воодушеви!

Посно, и вкусно.
Богородичниот пост започна вчера, па затоа сега е идеално време за посни рецепти. Од кујната на баба доаѓа одлична идеја за старински колач што ќе им се допадне на сите.

Рецепт за посен колач
Потребно е:
100 гр суво грозје
12 лажици шеќер
15 лажици брашно
5 лажици гриз
1 кесичка цимет, прашок за пециво и ванилин шеќер
400 мл. вода
1 лажичка сода бикарбона
8 лажици мелени ореви
4 лажици џем од сливи
Прелив:
џем по ваш избор
мелени и сецкани ореви
Подготовка: истурете ја водата во сад и додадете: 100 гр суво грозје, 12 лажици шеќер, 15 лажици брашно, 5 лажици гриз, 1 цимет, прашок за пециво и ванилин шеќер, 1 лажица масло, сода бикарбона, 8 лажици мелени ореви, 4 лажици џем од сливи и се добро измешајте со маталка. Истурете во плех од 26 см во кој сте ставиле хартија за печење. Печете на 200 степени 40-45 минути. На половина печење покријте со фолија за печење. Топлиот колач намачкајте го со џем по ваш избор и посипете со мелени и сецкани ореви.
Исечете кога колачот ќе се излади.

loading...

Фото: Принтскрин/Youtube/bakinakuhinja


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ова се знаци дека сте телепатски поврзани со некого: Еве како се открива телепатија помеѓу две лица

Ако го чувствувате ова, тогаш сте неверојатно телепатично поврзани со некоја личност! Телепатичното поврзување меѓу …