Оваа достапна храна содржи повеќе протеини отколку јунешко месо

Во последно време, протеините се’ бараат се повеќе и сосема е јасно зошто. Тие нe прават сити, помагаат да се изградат мускули, а студиите покажаа дека можат да го зајакнат метаболизмот и на крајот да помогнат во губење на тежината.

И иако месото е првото нешто на што мислите кога станува збор за храна богата со протеини, можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека има многу други намирници што содржат поголема концентрација на овој макронутриент.


Леќа
Сто грама леќа има само 116 калории и многу протеини, но и влакна. Може да се подготви како чорба, супа или да се додаде во салати. Некои ја користат за замена на месо во енчилади и домашни плескавици.


Брокула
Иако може да ве направи подуени, брокулата е многу здрава. Содржи протеини, витамини, минерали и влакна.

Кељ
Кељот е нискокалоричен и богат со есенцијални витамини и протеини.


Спанаќ
Попај бил навистина во право кога спанаќот го сметал за своја супер храна. Спанаќот е нискокалоричен и е одличен извор на железо, калциум, витамини А, Ц и К и протеини.

Печурки
Печурките во никој случај не треба да се потценуваат. Тие содржат двојно повеќе протеини во порција од 100 грама говедско месо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Дивееле со Ламборџини, полицијата им ги запленила автомобилите

ДИВЕЛЕ навечер со своите Ламборџини, а полицијата решила да го „награди“ таквото однесување. Иако суперспортските …