(ФОТО) Благословениот целулит на Ирина Шајк

Фотографиите од плажа на познатата манекенка Ирина Шајк предизвикаа бура на социјалните мрежи, бидејќи, топ моделот кој им „набива комплекси“ на жените од насловните страници на модните списанија овде има стомак и целулит и изгледа како „тетка“. Каде е проблемот?
Ирина Шајк (36) мислеше дека ќе може да се опушти на плажа, но и таму ја дочекаа папараците. И тоа веднаш откако објави колекција на секси фотографии од Ибица, во зелено бикини и лакирани чизми.

На фотографиите од плажа кои не се најдоа на нејзиниот Инстаграм, Ирина носи кафеав костим за капење, а задникот не и е толку совршено затегнат, а се гледа целулит.

И’ додека на некои им се допаѓаат овие фотографии како потсетник дека моделите се исто така жени од крв и месо, на социјалните мрежи има многу разочарани луѓе.

И замеруваат што изгледа како „тетка“ и „ништо посебно“, дека нејзиниот стомак е видлив, и таа има толку многу тренери, дека нејзиниот изглед е нејзина работа, и очигледно јаде нездраво и не се грижи, дека секоја друга женска од Балканот изгледа подобро…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …