(ВИДЕО) Само едно лице на светот може легално да вози без возачка дозвола

Возачката дозвола е документ кој ја докажува способноста за возење одредени категории возила. Но, некому не му треба.
Не мислиме на сите оние престапници кои продолжуваат да возат и по одземањето на возачката дозвола, како и оние кои никогаш не полагале возачки испит, и редовно учествуваат во сообраќајот со возење на едно од возилата за кои е потребен гореспоменатиот документ.Имено, постои исклучок, односно едно лице кое има привилегија дека поради својот статус не мора да има возачка дозвола за легално да вози автомобил.


Ова е токму она што англиските закони и го дозволуваат на кралицата. Според законот, никој нема право да и побара возачка дозвола на кралицата доколку ја види зад воланот. Значи, ако одлучила сама да вози автомобил, може да го стори тоа, без никакви законски пречки. Да речеме дека за време на Втората светска војна, кралицата возела брза помош, а исто така поминала и основна обука за сервисер.


И за да бидат работите подобри, автомобилот што го користи кралицата на Англија нема потреба ниту да се регистрира, и затоа нема ниту сообраќајна дозвола. Имено, парче лим би можел да ја наруши хармонијата на нејзиниот автомобил.
На кралицата не и е потребен ниту пасош и го немала кога патувала во секоја од 116 -те земји што ги посетила за време на нејзиниот живот.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …