Се’ е подготвено за промоција на Лео Меси. Пари Сен Жермен во текот на денот најави официјална промоција, на Ајфеловата кула, а на социјалните мрежи ПСЖ ги израдува фановите со уште едно видео и го најави доаѓањето на аргентинската sвезда.
Трансферот што привлече најмногу внимание летово, и поради начинот на кој ја напушти Барселона, и затоа што ќе биде соиграч на Нејмар и Мбапе, конечно ќе се реализира. Лео Меси во текот на денот ќе биде официјално претставен како ново засилување на Пари Сен Жермен.
🖼️🖌️ #PSGxMESSI
❤️💙 pic.twitter.com/E79nUJ0ckD
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 11, 2021
Цел Париз е во знакот на Месијата, а со новиот тизер на Твитер, францускиот клуб сакаше токму тоа да им го покаже на навивачите. Меси е насекаде, дури и во Лувр.
View this post on Instagram
Тој во вторникот пристигна во француската престолнина со своето семејство за да го потпише договорот.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram