РАСПИШАНИ КОНКУРСИТЕ ЗА 11-ТО ИЗДАНИЕ НА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“

Распишани конкурсите за поезија и плакат за 11-то издание на 100 Илјади поети за промена, Струмица, Македонија;

ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“

loading...

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 31 август 2021 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.


Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели?

Ваков конкурс се организира веќе единаесетта година по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот.


КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…

Веќе се разбираме, така?

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре (poetizapromena@gmail.com) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 31 август 2021 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 25 септември 2021 година во Струмица.

Дизајн на плакат: Теодора Илиевска 

__________________________________________

* Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, а нашата држава е дел од истата уште од самиот почеток и поддржана од Општина Струмица!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МФФ „Киненова” од 7-14 октомври под слоганот „Првиот остава трага”

Октомври традиционално станува месец на „Киненова” Од 07 до 14 октомври ќе се одржи новото …