(ВИДЕО+ФОТО) Ден пред почетокот: Рафа го откажал учеството во Торонто!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од Роџерс купот во Торонто поради проблем со левата нога.
И’ покрај тоа што имаше повреда на стапалото долго време, Рафа пристигна во Канада.
Во изминатите неколку дена тренираше и се подготвуваше за турнирот во серијата 1000, на кој триумфираше во претходните две изданија, но на крајот го откажа учеството ден пред првиот натпревар против Лојд Харис.

„Навистина сакав да играм овде, но за жал морав да ја донесам оваа одлука. Имав проблеми во изминатите неколку месеци, како што секој знае. Отсуството од овој турнир не е најсјајно за мене, по сите успеси што ги имав во Канада. Беше тешка одлука, но така е како што е“, рекол 35-годишниот тенисер, кој вкупно пет пати го освои Роџерс купот.

Да потсетиме, Надал неодамна беше елиминиран во осминафиналето на Вашингтон од Лојд Харис. Претходно беше поразен во полуфиналето на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ, и не учествуваше на Олимписките игри во Токио.
Неговото место во главната ждрепка на Роџерс купот го зазеде неговиот сонародник Фелисијано Лопез како „лесен губитник“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …