(Рецепт) БОЛКА ВО ЗГЛОБОВИТЕ, КИСЕЛИНА, ЛОШ ЗДИВ: Зошто е добро да се пие МЕД и ОЦЕТ?

Овој народен лек може да ви помогне за многу заболувања.
Сировиот мед и јаболков оцет имаат корисен ефект поради нивната способност за одбрана од инфекции и разни заболувања со кои се среќаваме.

Ако пиете мешавина од мед, можете да ги решите следниве проблеми како што се:
– Болки во зглобовите
– Киселина
– Проблеми со дигестивниот тракт
– Вишок тежина
– Зголемен холестерол и крвен притисок
– Воспалено грло
– Недостаток на енергија
– Изморен изглед на кожата
– Лош здив
– Стрес

loading...

Како делува овој напиток?
Придобивките од мешавината од оцет и мед може да се објаснат врз основа на хемиските својства на состојките и интеракцијата со телото.
Имено, многу експерти веруваат дека се разболуваме кога нашето тело станува премногу кисело.
„Оцетот е природно кисел, но кога се консумира, станува алкален. Медот, исто така, има ниска pH вредност, но ја зголемува алкалноста на телото во времето на консумирање“.
Овие две супстанции се совршен начин телото да се ослободи од прекумерната киселост поради стресниот начин на живот и конзумирање нездрава храна, како и пијалоци.
Телото најдобро функционира кога неговата pH вредност е помеѓу 7,0 и 7,4, односно малку алкална.


Рецепт за пијалок со мед и оцет
За да го подготвите овој пијалок, ќе ви требаат следниве состојки:
– 1 лажичка сиров мед
– 1 лажичка јаболков оцет (ако можете да го толерирате вкусот, зголемете ја дозата на 1 лажица)
– 1 чаша топла вода
Отпрвин, најверојатно ќе се борите со силен вкус во устата, но кога ќе ги почувствувате придобивките од оваа мешавина, ќе го пиете со задоволство.


Кога е најдобро да се пие оваа мешавина?
Најдобро е да пиете оцет и мед на празен стомак, наутро, 20. до 30. минути пред јадење.
Некои сугерираат зголемување на внесот на два, па дури и три пати на ден, во зависност од тегобите и толеранцијата за вкус.
Јаболков оцет може да биде во интеракција со диуретици, лаксативи и лекови за дијабетес и срцеви заболувања. Затоа, ако планирате да го користите секојдневно, консултирајте се со доктор за да избегнете интеракција со лековите што ги земате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Џон Траволта е хомосексуалец“ – актерот издаден од саентолозите

Џон Траволта бакнал машки масер пред висок член на Саентолошката црква, тврдат нови жешки мемоари. …