(ВИДЕО) Лионел Меси и’ официјално во Париз!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси официјално е претставен како ново засилување за ПСЖ.
Неговиот татко Хорхе прво отпатува за Париз, кој на прашањето од медиумите дали се согласил да соработува со ПСЖ, кратко одговорил: „Да“.
Аргентинецот се согласил на двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Меси ќе прифати намалување на платата за 50 проценти, а неговиот приход се очекува да биде околу 35 милиони евра годишно.

ПСЖ направи неверојатна работа ова лето. Тие без надомест го донесоа капитенот на Холандија, Ѓини Вајналдум, потоа четирикратниот победник во Лигата на шампионите, Серхио Рамос, најдобриот играч на Европското првенство, Џанлуиџи Донарум, а сега и Меси.
Лео дојде во Барселона како момче, ја помина познатата школа „Ла Масија“ и израсна во најдобар фудбалер на светот на „Камп Ноу“.

За Барселона одигра 778 натпревари и постигна 672 гола.
Со Каталонците освои десет титули во Ла Лига, седум трофеи од Купот на Кралот и осум трофеи од Суперкупот на Шпанија.
Тој ја освои Лигата на шампионите четири пати, УЕФА Суперкупот еднаш помалку, додека во витрините има три трофеи од ФИФА клупски клупски куп.

Меси во меѓувреме пристигна во Паариз а на себе имаше маичка на која пишува – „Ова е Париз“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …