(ВИДЕО) Ѓоковиќ му го честитал роденденот на Федерер – Имал посебна порака за големиот ривал!

Роџер Федерер денеска (8.08.2021) наполни 40. години, а АТП објави видео во кое тројца играчи предводени од Новак Ѓоковиќ му го честитаат роденденот.
Српскиот ас со голема почит се обрати кон тениската легенда и истакна дека му е чест што имал можност да играат еден против друг.

„Здраво Роџер, среќен 40 -ти роденден! Неверојатно достигнување. Се’ уште не инспирирашсите на теренот и надвор од него. Ми претставува голема чест што го споделив теренот со тебе сиве овие години.Се надевам дека ќе продолжиш да играш. На спортот, се разбира, му требаш и ти благодарам за се што направи. И благодарам што ни покажа дека и во тие години можеш да играш на високо ниво. Ти посакувам се најдобро, ти посакувам добро здравје, љубов и среќа со вашите најблиски“, рекол Новак.
Кеи Нишикори и Феликс Огер-Алисим, исто така, му го честитаа роденденот на Федерер во видео порака.
Швајцарецот неодамна се повлече од турнирите во Синсинати и Канада, а под знак прашалник е и неговото учество на претстојниот УС Опен.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во РК Еурофарм Пелистер пристигна засилување – Mozzart нов спонзор на клубот

Нови ветришта дуваат во легендарната спортска сала во Битола, а ракометарите на Еурофарм Пелистер со …