(ВИДЕО) Срамен потег на Французинот: Ги срушил шишињата за никој друг да не пие вода

Атлетските натпревари на Олимписките игри традиционално завршиваат со Маратонот, а златото околу вратот го стави Елиуд Кипчоге.
Тој беше убедливо прв пред Абди Наге од Холандија и Башир Абди од Белгија.
Меѓутоа, покрај победникот, трката ја одбележа и инцидент во кој учествуваше француски маратонец.
Морад Амдуни беше главниот актер во непријатниот инцидент што се случи за време на трката.
На една од точките за вода, тој намерно ги урнал речиси сите пластични шишиња со вода од масата за да не ги земат другите конкуренти.
Ова исто така ги шокираше волонтерите од Јапонија кои стоеле до масата, а исто така предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …