ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: Потребни сме и на Марија! Да не ја оставиме самохраната мајка на половина пат!

Да не ја оставиме на пола пат. Половина од паричните средства се собрани, ајде заедно да ја собереме и другата половина, да покажеме дека како и секогаш кога е потребно сме тука, дека сме хумани и со големо срце. Нашите 100 денари за Марија живот значат. Доколку не сте во можност да донирате споделете, може вашите пријатели ќе можат да донираат.
Марија е посебна мајка, мајка која се ќе направи за своето дете, мајка која неможе никогаш да го остави своето дете кое е со посебни потреби. Марија е самохрана која покрај сите тешкотии во животот продолжува да се бори со насмевка на лицето и не се откажува.
На Марија и се појавува канцер на бронх за кои не постои операција, но постојат третмани и хемотерапии кои можат да ја спасат, кои можат да и помогнат да продолжи да живее. Најголемата мака на оваа мајка е како моето дете кое е со посебни потреби ќе продолжи без мене. Кој ќе го чува? Кој ќе се грижи за Теодор?
Да ја спасиме Марија и да и покажеме дрка не е сама, дека сме тука со неа. Имаме отворени донациски броеви на кој можеме да донираме и да и бидеме помош и поддршка на оваа мајка, да и покажеме дека не е сама и дека сме тука за нејзе. За тие што не сте од Македонија може да донирате преку gofoundme
преку жиро сметката на Марија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Преподобна Пелагија: Го остави блудот, богатството го подели на сиромашни и се посвети на Бога!

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна …