Обично го додавате како зачин во разни јадења или евентуално како додаток на чај, но рузмаринот е многу моќно растение кое на многу начини помага на физичкото и менталното здравје.
Бројни студии покажале дека рузмаринот не е само зачин, туку суперхрана која има бројни лековити својства, пишува Mind Body Green.
Низ историјата, луѓето користеле рузмарин за зајакнување на меморијата. Дури и познатиот Шекспир пишувал за него во Хамлет.
Дури и’ денес, се смета дека рузмаринот помага во меморијата, но некои истражувања покажуваат дека има позитивен ефект врз подобро расположение и нивото на стрес.
Го подобрува расположението
Во студија од 2018. година, на глувци во лабораторија кои биле под хроничен стрес им бил даден екстракт од рузмарин и било откриерно дека имаат антидепресивно дејство.
Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека растението има антиинфламаторни својства и помага во ублажување на воспалителните процеси во регионот на мозокот наречен хипокампус, но и во цревата.
Иако се уште постојат истражувања кои се обидуваат да го поврзат здравјето на цревата со здравјето на мозокот, се чини дека доброто расположение, оптимизмот и остриот ум имаат врска со здравиот микробиом.
Рузмарин влијае на ендоканабиноидниот систем
Тоа е главниот регулаторен систем во нашето тело кој е одговорен за начинот на комуникација на нервните клетки.
Ги регулира процесите како глад, сон, воспаление, стрес, крвен притисок, метаболизам, телесна температура и многу други процеси.
Рузмаринот содржи соединение кое се врзува за канабиноидните рецептори. Иако се уште не знаеме како и зошто, се чини дека ова врзување за рецепторите го намалува влијанието на реакцијата на организмот на стрес.