(ВИДЕО) Вознемирувачка видео снимка од патник кој „ги фаќал“ стјуардесите за градите – го врзале за седиштето!

Американскиот телевизиски новинар Сем Свини бил сведок на многу непријатен настан за време на летот од Филаделфија до Мајами. Инцидентот на кој бил сведок се случил токму пред него, а целата видео содржина како и деталите за настанот ги пренел на социјалната мрежа Твитер.
Свини ги објаснил сите детали во твитот што го напишал.
„За време на летот од Филаделфија до Мајами на 31. јули, еден патник оствари недозволен физички контакт со стјуардите. Потоа физички го нападна стјуардот кога се обиде да го врзе за седиштето”, напишал новинарот во твитот.
За време на настанот, тој викал и се расправал со другите патници, фалејќи се дека е син на богати родители, кои поседуваат два милиони долари, а истовремено заканувачки се повикал на својот дедо, кој е адвокат.
Тој на крајот, по слетувањето, бил приведен а полицијата потврдила дека против него се поднесени три пријави, како и дека бил во алкохолизирана состојба за време на инцидентот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Суперхикс Банда инструментале ја промовираа новата песна „Добар човек”

Суперхикс го промовираа својот нов сингл со наслов “Добар Човек” и анимиран видеоспот авторско дело …