Денес е спомен на Света Марија Магдалена – Таа прва го видела воскреснатиот Исус: Што треба да знаат жените и како да постапуваат

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа.

loading...

Православната црква и верниците на 4 август го одбележуваат празникот посветен на Марија Магдалена.
Блага или Блажена Марија во православниот календар не е одбележана со „црвени букви” тој ден како и Огнена Марија, Св. Петка и ништо не се работи по дома и во поле.
Овој ден всушност е спомен на Марија Магдалена. Во својата младост била грешница но Исис ја избавил од гревови. Подоцна станала негова ученичка, го следела и ги слушала неговите проповеди. После воскреснувањето на Христос, таа станала проповедничка, починала мирно во длабока старост.
Народот ја слави како блажена а нејзиниот ден се нарекува „благ”.
Како и во деновите на Огнена Марија и Трнова Петка, на празникот на Блажена Марија домаќинките треба да одмораат. Народот верува дека не е добро било што да се работи по дома и во поле, за светицата да не се навреди.


Од друга страна, верува во добри и чесни жени, кои живеат чесно и честит живот, секогаш, особено на денешен ден, имаат заштита од оваа Блага Марија. Народот верува, ако на нејзиниот празник, жените одат во црква, да се помолат и запалат свеќа, можат да бараат исполнување на една желба и светителката секако нема да ги одбие.
Блага Марија, по народно верување, е сестра на Св. Илија. Затое се можни
временски неприлики, грмотевици и град бидејќи „братот и сестрата разговараат”.


Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободил Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоела под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагувала горко. По смртта на Господа трипати го посетила Неговиот гроб. Кога Господ воскреснал, таа Го видела двапати: еднаш додека беила сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатувала во Рим, излегла пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздравила со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвинила Пилат за неправедната осуда на Господа Исуса. Кесарот го примил нејзиното обвинение и го преместил Пилат од Палестина во Галија, каде овој неправеден судија и завршил, во царска немилост и во тешка болест. Потоа од Рим се вратила во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагала во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол. Се упокоила мирно во Ефес и според Преданието погребана е во истата пештера во која биле чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, потоа оживеани, па повторно умрени (17. август). Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм кој и е посветен на оваа светителка.

Светиот свештеномаченик Фока
На овој ден е споменот на преносот на неговите мошти од Понт во Цариград, околу 404 година. Главното празнување на овој светител е на 22 септември и под тој ден е опишан неговиот живот и страдањата. На денешен ден се спомнува и едно чудо извршено од него. Еден човек Понтин го фатија Арапите. Го оковаа, му ги врзаа рацете одзади и така го оставија да умре. Лежејќи мешечки на земја и не можејќи да се помрдне, Понтин повика: „Свет маченику Фока, смилувај се и спаси ме!“ Го рече тоа и заспа, а во сонот виде како светителот Фока му се приближи, го фати за рака и му рече: „Ти простува Господ Исус Христос!“ Кога се разбуди, човекот се најде слободен и разрешен од сите врски. Стана значи и отиде во својот дом и го зеде споменот на Св. Фока за домашна слава.

Преподобен Корнилиј Перејаславски
На петнаесет години се замонашил кај Старецот Павел. Подоцна се повлекол во пустина на молчание. Триесет години поминал во молчание и не проговорил со никого ниту збор, така што мнозина го сметале за нем. Толку се исушил со пост, што личел на костур. Пред смртта примил схима и се упокоил на 22. јули 1693. година.

Светата маченичка Маркела
На островот Хиос оваа светителка ужива огромна почит. Во нејзината црква постојано се случуваат чуда. Но нејзиното житие е непознато. Според Преданието Маркела била необично побожна девојка, која рано останала без мајка. Нејзиниот незнабожен и ѕвероподобен татко сакал да живее со ќерката како со жена. Маркела побегнала од татко ѝ. Но овој, разјарен како вистински ѕвер, ја стигнал и ја исекол на парчиња. Во близина на нејзиниот храм се наоѓаат некои камења коишто овде-онде биваат како со крв попрскани. Тие камења народот ги зема, ги носи в црква, ѝ се моли на Света Маркела, па ги полага врз болни, и од тоа оздравуваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

После точно една година Андерфест по четврти пат ќе го донесе најдоброто и најсвежото на …