(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е нов историски резултат.
Во почетокот на јули, Ворхолм го собори рекордот на Кевин Јанг стар 29. години, а сега тој се надмина себеси.
Неговиот претходен резултат беше 46,70, но тој не можеше ниту да сонува дека на овој начин ќе постигне уште подобар успех.
Неговата реакција на крајот од трката, по историскиот подвиг, исто така сведочи колку бил шокиран.
Во исто време, тој го собори олимпискиот рекорд на Јанг, бидејќи Кевин стигна до претходниот на Игрите во Барселона во 1992. година.
Среброто го освои Американецот Бенџамин Раи со 46,16, бронзата Алисон дос Сантос со 46,72.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …