(ВИДЕО+ФОТО) Пејачката која го трогна светот со аудицијата:„Се повлекувам, борбата со ракот се влоши!“

30-годишна пејачка Џејн Марциевски, со уметничко име Nightbirde, која го допре жирито и гледачите на шоуто America’s Got Talent кога ја изведе својата оригинална песна It’s OK на сцената во јуни оваа година и раскажа за нејзината борба со ракот, објави на нејзиниот Инстаграм профил дека се повлекува од конкуренцијата поради влошување на болеста.

„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Какво чудо што болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот да ги отворат очите широко”, започна таа.
„Од аудицијата, моето здравје се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што морам да објавам дека нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона AGT. Животот не секогаш им дава одмор на оние кои го заслужуваат тоа, но ние тоа веќе го знаевме“.

„Ви благодарам за поддршката, тоа ми значи цел свет. Останете со мене, наскоро ќе бидам подобро. Ја планирам својата иднина, а не моето наследство. Депресивна сум, но се’ уште имам соништа”, заклучила таа.
Лекарите и рекле дека има само два проценти шанса да преживее, но Џејн била оптимист.
„Важно е сите да знаат дека сум многу повеќе од лошите работи што ми се случуваат. Два проценти не се нула. Два проценти се нешто”, рекла Џејн.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Rolling Stone: Ова е најдобрата песна на сите времиња!

Угледниот музички магазин Rolling Stone за прв пат по 17. години ја освежи својата листа …