(ФОТО) Славна комичарка открила дека има рак: „Морам на операција, ќе ми отстранат дел од белите дробови!“

Славната американска комичарка Кети Грифин објави на Инстаграм дека има рак на белите дробови и дека е пред операција во која ќе и биде отстранет дел од белите дробови.
„Луѓе, морам да ви кажам нешто. Имам рак. Наскоро ќе одам на операција за да ми се отстрани половина од левото белодробно крило”, започнува објавата.


View this post on Instagram

A post shared by Kathy Griffin (@kathygriffin)


Понатаму, таа истакна дека никогаш не пушела.
„Да, имам рак на белите дробови иако никогаш не сум пушела. Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот е во прва фаза и се задржал на левото белодробно крило. Се надеваме дека после ова нема да ми треба хемотерапија или зрачење и дека ќе да можам да дишам нормално. Треба да сум во движење веќе после еден месец како и обично“, пишува Кети.
„Ова беа луди четири години, се обидував да се вратам на работа, ве терав да се смеете и да се забавувате, но ќе бидам добро. Се разбира, јас сум вакцинирана против ковид. Ако не го направев тоа, последиците би биле уште посериозни. Ве молиме одете на редовни прегледи. тоа ќе ви го спаси животот“, заклучила таа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ким и Канје го финализирале разводот, раперот ќе плаќа 200.000 долари алиментација месечно

КАНЈЕ ВЕСТ и Ким Кардашијан го финализирале разводот и постигнале договор за старателство над децата …