(ФОТО) НЕ САКА ДА СЕ ЗАПУШТИ – МИ ВЕЛАТ ДЕКА СО „МОИТЕ КАНЏИ“ ГО ПОВРЕДУВАМ ДЕТЕТО: На млада мајка и префрлуваат дека не води доволно грижа за бебето бидејќи секогаш е дотерана!

Кога забременила, сите и велеле дека дошол крајот на нејзиното дотерување и дека никогаш нема да има убава фризура, нокти и дека нема да води живот на кој била навикната, а сега сите е се љубоморни.
Младата мајка, Деми Луиз од Есекс, рекла дека и покрај новороденото бебе, таа секогаш успева да биде, како што вели, „дотерана како по конец“, а нејзините изјави предизвикала многу контроверзии.


– Знам дека ова ќе налути многумина, но тоа не е моја вина. Горда сум на мојата титула „мљац мајка“ која и покрај бебето изгледа беспрекорно. Не мразам да станувам секое утро во пет наутро за да се шминкам, да ја поправам косата, да ставам вештачки трепки и да изберам совршена комбинација – вели таа.


– Не сум ни близу до тој стереотип за исповратени, уморни мајки без трошка шминка. Одбивам да изгледам така и одбивам да се откажам од мојот стил. Никогаш нема да си го дозволам тоа – вели таа.


– Три часа откако ја родив Харпер, се нашминкав и ги средив ноктите и фризурата и се пресоблеков во поубав фустан. Од почетокот сите ме критикуваат дека сум „премногу совршена“, но знам дека тие се само љубоморни – тврди оваа млада мајка.


– Велат и дека очигледно не се грижам доволно за детето кога можам да изгледам толку совршено, како и дека сигурно „го повредувам бебето со моите канџи“. Останувам без зборови пред ваквите примитивни и глупави коментари. Отпрвин плачев, потоа сфатив дека тие се само љубоморни и зли луѓе. Не дозволувам мајките повеќе да ме засрамуваат, тие се само љубоморни – вели таа.

Извор: TheSun

Фото: Принтскрин/Facebook/Demi-Louise-Bailey

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто мажите ја губат главата поради жените со облини?

Сите знаат дека мажите сакаат жени со облини, но зошто? Има ли друг одговор на …