ДЕСЕТИЦИ твитерџии од Србија и регионот денес споделуваат фотографија од Олимпијадата во Токио на која српскиот стрелец Миленко Себиќ добива бронзен медал и држи фотографија на млада жена во раката.
Таа млада жена е Бобана Момчиловиќ Величковиќ, повеќекратна европска шампионка во стрелаштво, која почина минатата година на 31. година.
Глетката расплака многумина.
🥺❤️ #TeamSerbia 🇷🇸 pic.twitter.com/e4y7BsmTs6
— Team Serbia (@OKSrbije) August 2, 2021
Српските медиуми минатата година објавија дека Момчиловиќ Величковиќ, еден од најдобрите стрелци на модерното време, починала по компликации по породувањето. Истиот извор навел дека Момчиловиќ Величковиќ се породила дваесетина дена пред смртта, но од непознати причини имало компликации. Нејзината состојба одеднаш се влоши и лекарите не можеле да и го спасат животот.
Последниот голем успех на Бобана дојде на 27. февруари минатата година, кога го освои европскиот златен медал во дисциплината воздушен пиштол на 10. метри, трет во кариерата, а прв по 2012. година.
koliko je ovo i pretužno i predivno u isto vreme 💕 pic.twitter.com/dDoiTRF6OI
— Anja (@anjastanisic) August 2, 2021
Фото: Twitter