(ФОТО) Ванеса Брајант со децата во Дубровник за да ја исполни последната желба на Коби

Во Дубровник пристигнала во друштво на децата и семејството на шпанскиот кошаркар Пол Гасол. Гасол и Брајант беа долгогодишни соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс, а пријателството на нивните сопруги трае од тоа време.
Ванеса Брајант открила дека пристигнала во Дубровник за да ја исполни желбата на нејзината ќерка Наталија, на која Коби и дозволил да дојде во Хрватска на средношколско патување пред да загине.

Но, друга причина за нејзиното пристигнување во Дубровник е светски познатата серија „Игра на тронови“, снимена токму на хрватското крајбрежје и во која еден од најпознатите хрватски градови беше „Кралското пристаниште“ (King’s Landing).


„Ги однесов децата на Кралското пристаниште“, напиша Ванеса во описот на фотографијата.
Патувањето подоцна било откажано поради пандемијата, а Ванеса сакала да го поправи тоа и со доаѓањето во Дубровник со своите деца, да ја оствари желбата на нејзината ќерка, но и ветувањето и дозволата на нејзиниот сопруг.
Ванеса и Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа минатата година, имааѕ четири ќерки. За жал, во хеликоптерската несреќа, со Коби загина и неговата 13. годишната Џиана.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …