Олимписки скандал: Атлетичарката на сигурно во Токио – околу неа половина полициска станица

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја е безбедна во Токио, објави Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Спринтерката ја помина ноќта во хотелот на аеродромот, откако го помина денот на аеродромот Ханеда.
Таа беше таму, иако требаше да настапи на Олимписките игри во понеделник. Сепак, таа ја критикуваше работата на стручниот штаб на нејзиниот атлетски тим, бидејќи тренерите ја пријавиле за штафетната трка 4 × 400 метри без прашање и против нејзина волја.
Поради тие критики, пристигна директива тренерите да ја отстранат Тимановскаја, и така, придружувани од неколку луѓе од олимписката делегација на Белорусија, се нашла во Ханеда.
„Околу 17 часот дојдоа во мојата соба, ми рекоа да се спакувам и ме однесоа на аеродром“, напиша Тимановскаја преку апликацијата Телеграм.
Кристина гледајќи што се случува, од страв, одбила да се качи на летот за Белорусија и останала на аеродромот, па се јавила во текот на денот, велејќи дека се’ уште бара место за спиење. Целото време го поминала под заштита на полицијата.
Засега се шпекулира дека Кристина ќе побара азил во Германија или Австрија, а Чешка и Полска веќе изјавија дека се подготвени да и издадат виза.
Во целата приказна беше вклучена и Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, додека Марк Адамс, портпарол на МОК, потврди дека Кристина е под заштита на јапонските власти.

Белорускиот олимписки комитет претходно објави дека тренерите, по консултација со лекарите, одлучиле да ја вратат дома поради нејзината психолошка и емоционална состојба.
Потсетуваме, Тимановскаја требаше да настапи на трката на 200 метри, а поради неправилности поврзани со допинг контролите, некои од нејзините тимски колеги не можеле да се натпреваруваат во штафетата, па затоа беше исфрлена против нејзината волја и можности.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …