Спектакл за првенецот на Окон, Хамилтон од последен до подиумот!

Возачот на Алпина, Естебан Окон дојде до првата победа во кариерата откако славеше на спектакуларната ГН на Унгарија, 11. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Французинот го постигна најголемиот успех на „Хунгароринг“ од своето деби на шампионатот, на неговата 78. трка, а во исто време на својот тим му го донесе првиот триумф по 13. години, првиот под името Алпин.
Окон славеше со секунда и предност пред Себастијан Фетел во Астон Мартин, а на двајцата на подиумот им се придружи бранителот на титулата Луис Хамилтон, кој во еден момент падна на последното место.

Покрај неверојатниот триумф на францускиот возач, последната трка пред летната пауза ја одбележа големата грешка на Валтери Ботас во Мерцедес, што доведе до серија инциденти и прекини на патеката што се сушеше по дождот. Финецот започна исклучително лошо, ја промаши точката за сопирање и одзади ја погоди Ланда Норис во Мекларен, а двајцата потоа ги погодија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез. Тогаш само холандскиот возач успеа да ја продолжи трката, додека во посебен инцидент, Ленс Строл го удри возачот на Ферари, Шарл Леклер во болидот на Астон Мартин, поради што и двајцата се откажаа.

Хамилтон сигурно водеше, пред Окон и Фетел, кога на патеката излезе безбедносно возило, но поради големиот број остатоци на патеката, беше покажано црвено знаме. По паузата која траеше половина час, сите возачи се одлучија за гуми за променливи услови, но во кругот на загревање, сите, освен бранителот на титулата, продолжија во боксот. Британецот беше осамен на стартот, но поради таа грешка мораше да замине во боксот за да добие гуми за сува патека, што доведе до негово паѓање во поредокот.

Окон го наследи водството и го држеше до самиот крај, додека Фетел во одредени моменти му се закануваше, но возачот на Алпина се бранеше фантастично и заслужено славеше. На Французинот многу му помогна и неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, кој успеа да го задржи Хамилтон зад себе 15. круга, кога возачот на Мерцедес отиде да земе нови гуми во обид да изведе нешто слично како пред две години во Унгарија. Британецот очајно се обиде да го претекне двократниот светски шампион, но го стори тоа на само шест круга пред крајот, а потоа без поголеми проблеми го помина Карлос Сајнс јуниор во Ферари и стигна до подиумот.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …