Помош од природата: Заштитете се од комарците!

Покрај непријатното чешање и црвенило, каснувањето од комарци може да предизвика алергиски реакции

Маслиново масло
Омилени места за собирање комарци се површините на водата. За да ги избркате комарците, ставете сад со вода и неколку капки маслиново масло кое ќе остане незабележливо а ќе ги одбива натрапниците.

Јаболков оцет
Еден од ефективните рецепти против убоди е да пиете јаболков оцет. Измешајте три лажици оцет со два децилитри вода и, по желба, малку мед. Вашата кожа наскоро ќе испушти мирис на оцет, кој може да го почувствуваат само инсектите и кој ќе ги одбие.

Банана
Освен што е здрава, бананата е одлична за вашата кожа, а комарците ја мразат. Бананата изедете ја а со внатрешноста на кората поминете по делови од рацете и нозете.

Лаванда
Комарците не можат да го поднесат мирисот на лаванда. Истурете неколку капки есенцијално масло од лаванда во маслиново или бадемово масло и намачкајте го телото.

Масло од чајно дрво
Благодарение на интензивниот мирис, ефикасно помага во борбата против комарците и го смирува местото на убодот. Разредете го со вода, истурете во шише со спреј и прскајте ја кожата барем еднаш дневно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …