(ВИДЕО) Поради кавга околу платата работник седнал во багер и урнал половина зграда

Наводниот спор за платите во југозападна Германија брзо прераснала во бизарна деструктивна кампања. Незадоволен градежен работник, познат само како Матија П, влегол во багерот и демолирал добар дел од фасадата на новоизградената зграда.
Прозорците биле испукани, балконите срушени а делови од фасадата паднале од новоизградената зграда во градот Блумберг, а идните станари на станбениот комплекс кои наскоро планирале да се вселат, сега ќе треба да почекаат неколку месеци додека штетата се санира.

Работникот кој со багер урна добар дел од фасадата и терасата, не застанал тука, туку својот гнев го изразил и на блиските гаражи.
За да биде работата уште полоша, во некои од гаражите биле складирани боци со плин, кои за среќа не експлодирале инаку целата приказна ќе имаше многу полош епилог.
Германските медиуми пренесуваат дека работникот го прекинал уривачкиот поход дури кога багерот се расипал.
Вандалот потоа влегол во неговиот автомобил и си заминал, а подоцна отишол во полициската станица за да се предаде.
Полицијата објавила дека работникот се вика Матија П. и дека тој во станицата рекол дека неговиот гнев бил предизвикан од неисплатени плати. Не бил пијан или под дејство на дрога.
Во инцидентот биле оштетени најмалку 30 станови, а штетата се проценува на 500.000 евра. Градежната компанија „Инго Фанџероу“ инсистира дека на работникот му било исплатено се што му должеле.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …