(ВИДЕО) Откриена емотивната преписка помеѓу Новак и Срѓан Ѓоковиќ пред Токио:„Му реков да не оди на Игрите, неговиот одговор ме затекна…“

Најдобриот тенисер на светот пристигна во Токио за да се доближи до Златниот слем, освојувајќи ги четирите Грен слема и Олимписките игри истата година.

Претходно оваа година, тој беше најдобар на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а во Токио доминираше до средината на вториот сет од полуфиналето против Германецот Александар Зверев. Меѓутоа, после тоа доживеа необјаснив пад, го загуби полуфиналето, потоа мечот за бронза, а потоа го предаде и мечот за бронзениот медал во мешани двојки.
Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак, рекол дека го советувал својот син да не оди во Токио по напорното лето и освојувањето на два Грен слема. Гостувајќи го подкастот „Бизнис приказна“, тој ја објавил преписката со Новак пред неговата одлука да настапи на Игрите.

„Нокс, јас го викам Нокс, ако ти значи мое мислење, мислам дека не треба ниту случајно да одиш во Токио. Прво, тоа е долг пат, друга зона, без гледачи, повторно изолација и без гледачи тоа не е тоа, тоа не е Олимпијада. Те сака тато“, била пораката на Срѓан до неговиот син.
Новак не го послушал…
„Се разбира, твоето мислење ми значи, тато. Сакав да ги поминам овие три или четири дена за да почувствувам како е моето тело и така натаму. Секогаш брзо се опоравувам и тоа не е голема работа. Патриотизмот е силен во моето срце и мојата глава, тато, ме знаеш. Кога станува збор за Србија, јас се кинам и не се вртам”.
„Луѓе, по оваа преписка со него јас бев затекнат“, бил во неверување таткото на најтрофејниот тенисер на сите времиња.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …