(ВИДЕО+ФОТО) ПОЧИНАЛ ТИКТОКЕРОТ КОЈ БИЛ ЗАСТРЕЛАН ВО КИНО: Осомничениот се повикува на лудило!

Sвездата на „ТикТок“, Ентони Барахас починал во болница пет дена откако беше застрелан во главата додека бил на состанок во кино во Калифорнија.


Полицијата потврдила дека 19-годишникот им подлегнал на повредите во саботата наутро, наведувајќи во соопштението дека „изразуваат сочувство до неговото семејство и пријателите“. Барахас во понеделникот бил на доцна проекција на филм со Рајли Гудрич (18) во театарот „Регал Едвардс“ во Корона, кога и двајцата биле погодени од огнено оружје. Таа исто така била погодена во главата, и починала на лице место, додека Ентони итно бил пренесен во болница во критична состојба.

Во времето на нападот, киното било речиси празно, а двојката не била пронајдена додека не завршила проекцијата на филмот. Џими Хименез (20) бил уапсен за пукањето, што од властите било опишано како „случаен и неиспровоциран напад“. Тој не ги знаел ниту Ентони, ниту Рајли. Полицијата го идентификувала Хименез како осомничен и го уапсила во вторникот, кога му било одземено оружје од ист калибар како и она за кое се сомнева дека се користело во пукањето.

@itsanthonymichaelHad to hit the slowed version @mariapaulinarm ##fypシ ##dance ##viral 📸: @imryanschmidt

♬ Bartender Slowed – Kuya Magik

Полицијата ги пронашла и парите и другите лични работи на Рејчел во куќата на Хименез, 24 часа по пукањето. Тој е осомничен за убиство, обид за убиство и разбојништво. Обвинението за обид за убиство најверојатно ќе се смени во кривично дело убиство сега, по смртта на Ентони. Обвинителите, исто така, рекле дека постојат посебни околности бидејќи Хименез чекал да го изврши делото, што го прави подобен за смртна казна. Хименез е во затвор од апсењето. Според извор близок до полициската истрага, Хименез им рекол на детективите дека слушнал гласови.


Таткото на Рејчел, Дејвид, изјави за Дејли Мејл дека верува оти Хименез само се обидува да склучи договор за да признае лудило, и дека украдениот паричник покажува дека младиот човек знаел што прави кога убил двајца тинејџери.

Фото: Принтскрин/TikTok/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На родителите со презентација им открила дека е стриптизерка

Лекси од Портланд, Ореган, долго време се двоумела да им признае на родителите со што …