Ѓоковиќ остана без медал, загуби од Каренјо Буста во драматичен меч за бронза, а мечот во мешани двојки го предаде

Новак Ѓоковиќ остана без медал на Олимписките игри.
Најдобриот светски тенисер вчера загуби во полуфиналето од Германецот Александар Зверев, иако го освои првиот сет, а имаше брејк предност во вториот сет. Денеска во драматичен меч за бронза беше поразен од Шпанецот Пабло Карен-Буста со 6:4, 6:7, 6:3.

Во првиот сет, Ѓоковиќ промаши три брејк-топки на сервис на Шпанецот во првите два гема, а потоа во петтиот гем одигра катастрофално и Каренјо-Буста стигна до брејк без да загуби поен. Шпанецот ја задржа таа предност до крајот на сетот, сочувајќи две врзани брејк-топки во игра во која сервираше за 1:0 во сетови.


Ѓоковиќ спаси меч топка, имаше шанса за брејк на стартот од третиот сет па падна
Во вториот сет немаше можности за брејк, па тој беше решен во тај-брејк. Каренјо-Буста, 11-тиот тенисер во светот, имаше 6:5 и меч топка, но после тоа Ѓоковиќ освои три поени и го одведе мечот до сетот кој одлучува.
Кога Ѓоковиќ стигна до брејк-топка на почетокот на сетот, се чинеше дека лесно ќе го скрши Шпанецот, но српскиот тенисер не ја искористи можноста за брејк, па повторно го загуби сервисот во својот следен гем. Каренјо-Буста потоа, повторно со мали проблеми во последниот гем, ги спаси своите сервиси и стигна до медалот.

Ѓоковиќ нема да може да стигне до бронза и во мешани двојки, бидејќи поради неговата лоша физичка состојба тој меч е предаден.
Ѓоковиќ го освои единствениот медал досега во 2008. година, кога беше трет во Пекинг. Да потсетиме, тој пристигна во Токио за да се обиде да се доближи до Златниот слем, освојувајќи ги сите четири грен слема и Олимписките игри во истата година. Претходно оваа година, тој победи на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а по Токио, ќе настапи на УС Опен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …